Текст
Болен лежи млад Стојан,
Болен лежи и ќе умре.
Над главата му , младата невеста,
С машко дете на раце,
Солзи рони , солзите и капат,
По Стојаново лице.
Стојан се подразбуди
На Невена и вели:
"Ој Невено , ти млада невесто,
Што ми лади лицево?
Дали ситна роса подросува
Ил' се силни дождови?"
А Невена му вели:
"Стојане бре стопане,
Ниту ситна роса подросува,
Нит' се силни дождови-
Мојте солзи по лице ти капат,
Од селански неправдини."
Синоќа крај чешмата,
Селани се збираа,
Збор збореја , кога ти ќе умреш,
Дете да ми задават,
Мене млада , далеку однесат,
За пари ме продадат."
Болен лежи и ќе умре.
Над главата му , младата невеста,
С машко дете на раце,
Солзи рони , солзите и капат,
По Стојаново лице.
Стојан се подразбуди
На Невена и вели:
"Ој Невено , ти млада невесто,
Што ми лади лицево?
Дали ситна роса подросува
Ил' се силни дождови?"
А Невена му вели:
"Стојане бре стопане,
Ниту ситна роса подросува,
Нит' се силни дождови-
Мојте солзи по лице ти капат,
Од селански неправдини."
Синоќа крај чешмата,
Селани се збираа,
Збор збореја , кога ти ќе умреш,
Дете да ми задават,
Мене млада , далеку однесат,
За пари ме продадат."