Текст
Се запали, пиле Трено, одајчето,
Одајчето, пиле Трено, варосано,
Варосано, пиле Трено, кадросано.
Не ми е жал, пиле Трено, за одајчето,
Тук' ми е жал, пиле Трено, за чекмеџето.
Таму беа, пиле Трено, тапиите,
Тапиите пиле Трено од луѓите.
Таму беа, пиле Трено, тефтерите,
Тефтерите, пиле Трено, од момите,
Од момите, пиле Трено, најубавите.
Одајчето, пиле Трено, варосано,
Варосано, пиле Трено, кадросано.
Не ми е жал, пиле Трено, за одајчето,
Тук' ми е жал, пиле Трено, за чекмеџето.
Таму беа, пиле Трено, тапиите,
Тапиите пиле Трено од луѓите.
Таму беа, пиле Трено, тефтерите,
Тефтерите, пиле Трено, од момите,
Од момите, пиле Трено, најубавите.