Текст
Еееј, учи ме мајко, карај ме,
Како да ја земам Лилјана,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана една на мајка.
Еееј, учам те, сине, карам те,
Повикај триста мајстори,
Направи чешма шарена,
Наврати вода студена,
Сите селани ќе дојдат,
И Лилјанини другачки,
Ем сите калеш невести,
Белким Лилјана ќе дојде.
Еееј, послуша Стојан мајка си,
Направи чешма шарена,
Наврати вода студена,
Сите селани дојдоа,
И Лилјанини другарки,
Ем сите калеш невести,
Кучка Лилјана не дојде.
Како да ја земам Лилјана,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана една на мајка.
Еееј, учам те, сине, карам те,
Повикај триста мајстори,
Направи чешма шарена,
Наврати вода студена,
Сите селани ќе дојдат,
И Лилјанини другачки,
Ем сите калеш невести,
Белким Лилјана ќе дојде.
Еееј, послуша Стојан мајка си,
Направи чешма шарена,
Наврати вода студена,
Сите селани дојдоа,
И Лилјанини другарки,
Ем сите калеш невести,
Кучка Лилјана не дојде.