Текст
Врана коња јавам јас,
Одам по невестата.
Одам по невестата,
Дал' ќе ми ја дадат?
На сред село тапан чука,
Оро се вие.
Оро се вие, мома водеше.
Мома водеше, оро красеше.
Татко и ја дава, село не ја дава.
Село не ја дава, оти е убава.
Оти е убава, бела ем црвена.
Ќе умрам мајко, загинам,
без неа дома не одам.
В село слуга ќе бидам,
само неа да земам.
Одам по невестата.
Одам по невестата,
Дал' ќе ми ја дадат?
На сред село тапан чука,
Оро се вие.
Оро се вие, мома водеше.
Мома водеше, оро красеше.
Татко и ја дава, село не ја дава.
Село не ја дава, оти е убава.
Оти е убава, бела ем црвена.
Ќе умрам мајко, загинам,
без неа дома не одам.
В село слуга ќе бидам,
само неа да земам.