Текст
За кого ти цути Дано лицето,
по кого ти шарат Дано очите,
за кого ја чуваш Дано снагата,
таа рамна снага Дано мермерна?
Галено, галено Дано кој ќе ја
твојата руса коса Дано милува,
срмено елече Дано раскопча,
твојто медно усте Дано целува?
Не лудувај лудо младо по мене,
не губи си луди млади години,
синоќа ме стара мајка армаса,
за едно старо-аро лудо, грбаво.
по кого ти шарат Дано очите,
за кого ја чуваш Дано снагата,
таа рамна снага Дано мермерна?
Галено, галено Дано кој ќе ја
твојата руса коса Дано милува,
срмено елече Дано раскопча,
твојто медно усте Дано целува?
Не лудувај лудо младо по мене,
не губи си луди млади години,
синоќа ме стара мајка армаса,
за едно старо-аро лудо, грбаво.