Tekstovi.mk

Текст

Пијана месечина
На небото штом заигра
На комар цела тага
Ќе ја прокоцкам

Има една слепа улица
Каде сонцето не изгрева
Таму ни љубовта на нас
Не се сеќава

Господ нека избрише
Како гума после се'
Ништо да не остане
Само нека биде фер
И нека напише:
Кој те сакаше

Часовникот на љубовта
Засекогаш е застанат
Тука ни багреми веќе
Не раснат

А што да кажат очите
Кога солзите ни рекле се'
Само малку треба човек
Се' да расипе

Зарем е важно кој е крив
Кој ли ѓавол на тебе ме натера
Да го вртам дур сум жив
Овој споменар на тагата

Господ нека избрише
Како гума после се'
Ништо да не остане
Само нека биде фер
И нека напише:
Кој те сакаше

Added by

Admin

SHARE

ADVERTISEMENT

VIDEO

Avtomobilua.com - быстрая продажа и легкая покупка новых и б/у автомобилей. Автобазар, на котором продается 1400 автомобилей каждый день, автосалони. Поиск по базе объявлений о продаже автомобилей. Каталоги автосалонов и СТО на Автомобил Україна.