Tekstovi.mk

Александар Сариевски

Седна баба да вечера


Текст

Седна баба да вечера,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, па се не најала,
па се не напила.

Втора вечер вечера два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Трета вечер вечера три кокошки пржени,
два ми летни галаба, една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Четвртата вечер вечера четири овна калеши,
три кокошки пржени, два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Петта вечер вечера пет ми крави јалови,
четири овна калеши, три кокошки пржени,
два ми летни галаба, една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Шеста вечер вечера шест камили грбави,
пет ми крави јалови, четири овна калеши,
три кокошки пржени, два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Седма вечер испила седум бочви со вино,
шест камили грбави, пет ми крави јалови,
четири овна калеши, три кокошки пржени,
два ми летни галаба, една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
е пак се натрескала.

Added by

Admin

SHARE

ADVERTISEMENT

VIDEO

Avtomobilua.com - быстрая продажа и легкая покупка новых и б/у автомобилей. Автобазар, на котором продается 1400 автомобилей каждый день, автосалони. Поиск по базе объявлений о продаже автомобилей. Каталоги автосалонов и СТО на Автомобил Україна.